Досегашниот прв човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ денеска официјално ја презеде претседателската функција во Кошаркарскиот сојуз на Србија, како наследник на Предраг Даниловиќ
Такво нешто беше најавено уште минатата недела со оглед на тоа што немаше други кандидати за позицијата, а денеска Човиќ е инаугуриран на новото место. Потпретседатели на КСС, на негов предлог, ќе бидат Ненад Крстиќ, Ана Јоковиќ, Дарко Јовичиќ и Филип Сунтурлиќ.
„Пред нас е олимписки циклус, не очекуваат квалификации за Европското првенство и треба да направиме заеднички пристап. Прва задача е селекторот. Постои програма и потребно е да се избориме со многу искушенија“, рече Човиќ.
Поради новата функција, тој повеќе нема да може да биде претседател на Црвена Звезда која наскоро ќе избере негов наследник.


