Дури три натпревари од првото коло на Првата македонска кошаркарска лига в сабота ќе се играат во големата сала на СРЦ Кале.
Официјално, сезоната ќе ја отворат ТФТ и МКК Куманово со својот меч од 13 часот, а потоа на програмата се уште два дуела. Од 16, Шкупи ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје, додека од 19 часот Работнички ќе биде домаќин на Феникс. Тоа значи дека, со мали прекини, кошарка на едно место ќе има в сабота од 13 до околу 21 часот.
Четвртиот тим што игра во СРЦ Кале, но во малата сала, е Вардар кој дуелот со Гостивар ќе го одигра в недела од 15 часот.


