Екипата на Олимпија славеше против Венеција со 87-82 во рамките на второто коло од Еврокупот и е со максимален ефект по првите два меча од ова натпреварување.
Многу поинтересно е тоа што во оваа фаза од сезоната, словенечкиот шампион веќе има повеќе победи од минатата која ја заврши со биланс 1/17. Во првото коло Олимпија беше подобра од Клуж, а сега и од италијанскиот претставник.
Најрасположен кај домашниот тим беше Јака Блажиќ кој постигна 17 поени од кои 15 во второто полувреме. Кај Венеција се истакна Тајлер Енис со 23 поени на кои додаде 8 скок и 7 асистенции.


