Тукушто почнаа подготовките за новата сезона, а вицешампионот Далас Маверикс остана без својата прва ѕвезда.
На денешниот тренинг, Лука Дончиќ доживеал повреда на листот поради која ќе отсуствува извесен период. Контрола ќе му биде извршена за една недела, но најпесимистичките прогнози се дека ќе го пропушти првиот натпревар од новата сезона. Далас отвора против Сан Антонио на 24 октомври, па на Дончиќ му остануваат нешто повеќе од три недели за да ја санира повредата.
Ова значи дека натпреварите од претсезоната не доаѓаат предвид, а во неа Далас се среќава со Мемфис, Јута, Клиперс и Милвоки. На почетокот на подготовките, Дончиќ нагласи дека главна цел му е освојувањето на шампионската титула која минатата сезона му избега за малку бидејќи во финалето подобар беше Бостон.


