Двејн Вашингтон вчера официјално беше претставен како нов играч на Шарлот Хорнетс со тоа што медиумите во Србија се сигурни дека наскоро ќе добие отказ и ќе се врати во Партизан.
Сепак, ситуацијата се комплицира бидејќи франшизата од Северна Каролина му дала договор на три години за вкупна сума од 7,2 милиони долари бруто. Најважно во понудата е тоа што втората и третата сезона не се загарантирани и дека Вашингтон би можел на крајот од првата кампања да добие раскин на соработката.
Партизан сега зависи од одлуката на Шарлот дали ќе го задржи американскиот кошаркар или ќе го ослободи од обврските. Ако Вашингтон се врати во Европа, правата на него во секој случај ги има Партизан.


