Францускиот првак Монако синоќа славеше во дуелот со Армани во првото коло од Евролигата, но триумфот скапо го плати бидејќи остана без еден од најдобрите играчи во тимот.
Во текот на третата четвртина, теренот го напушти турскиот репрезентативец Фуркан Коркмаз поради повреда на адукторот и повеќе не се врати во игра. Кошаркарот кој ги покрива позициите 2 и 3 летово ја напушти НБА и се врати во Европа по седум години поминати во Филаделфија 76.
🚨 Furkan Korkmaz maçı yarıda bıraktı! pic.twitter.com/fm7WjDa9JA
— Euroleague Time (@euroleague_time) October 3, 2024
Додека ги чека резултатите од прегледите на Коркмаз, тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ изјави дека клубот ќе бара замена за него што може да е најава за подолга пауза на Турчинот.


