Кошаркарскиот клуб Париз вечерва ќе го забележи своето деби во Евролигата, а се погрижи влезот во елитното натпреварување да го одбележи на несекојдневен начин.
Првиот натпревар го игра вечерва против Црвена Звезда и тој беше закажан за 21 часот, се додека францускиот вицешампион не одлучи да го помести. Обично поместувањето е за подоцна, но во овој случај, мечот ќе почне половина час порано, од 20:30 и покрај тоа што оние кои купија билети знаат дека е од 21.
Известувањето е испратено преку социјалните мрежи, а се уште не се познати причините за ваквата одлука. Своето деби во Евролигата вечерва ќе го забележи и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.


