На два дена пред првиот натпревар од новата сезона, против Гостивар на домашен терен, екипата на Вардар донесе канадски кошаркар.
Нов член на „црвено-црните“ е крилниот центар Бен Стивенс, висок 207 сантиметри кој во својата кариера играл во Австралија, Азербејџан, Канада и Чешка. Минатата сезона ја поминал во австралискиот тим Сентрал Коуст каде на 11 натпревари просечно постигнувал по 16,8 поени и 12,4 скока.
Стивенс немаше многу време да се адаптира на новата средина, но сепак се очекува да биде големо засилување за Вардар во новата сезона. Вардар ги има уште Кори Рејли Рос и Дешон Хемптон, но костурот на екипата ќе ја сочинуваат играчите од минатата сезона, плус неколку кошаркари од младинската школа.


