Екипата на Гостивар со победа ја почна новата сезона откако попладнево славеше на гостување кај Вардар со 76-70.
Гостиварци ниеднаш не беа во негатива, но Вардар постојано беше зад петите и до крајот не се предаде. Гостите отворија со 11-3, „црвено-црните“ до крајот на првото полувреме во неколку наврати се доближија на само три поени негатива, колку што изнесуваше разликата и на големиот одмор (39-42), но сепак не успеаја да израмнат.
Единственото израмнување дојде на 38 секунди пред крајот на третиот период кога по поените на Лука Марјановиќ беше 57-57, меѓутоа Гостивар со шест поени во низа отиде на 63-57, водство кое потоа го сочува до крајот.
Главниот товар на гостинскиот тим го понесоа играчите од почетната постава кои постигнаа 69 од вкупно 76 поени. Најефикасен беше Митевски со 20 поени, додека Рос го предводеше Вардар со 17.


