Екипата на Гостивар договори уште еден странски кошаркар со кој оваа сезона ќе се обиде да избори што повисок пласман.
Нов член на гостиварскиот клуб е Лазар Димовски, српскиот интернационалец очигледно со македонско потекло кој минатата сезона настапуваше за тимот на Охрид. За тој тим одигра 18 натпревари и просечно постигнуваше по 11,3 поени и 4,8 скока, со индекс 10,7, еден од подобрите во екипата.
Димовски веќе дебитираше за Гостивар на вчерашниот натпревар против Вардар, но не успеа да постигне поени. Гостивар секако славеше со 76-70 и триумфално ја отвори сезоната.


