Жалгирис вчера загуби од Ритас со 88-91 во големото дерби на литванското првенство, а по мечот на жесток удар се најде тренерот Андреа Тринкиери.
Најтрофејниот литвански клуб загуби четири од последните пет дуели со Ритас, минатата сезона доживеа пораз од овој тим и во финалето од плејофот и не стана шампион и сето тоа придонесе новинарите даа го бомбардираат Тринкиери со прашања и провокации. Италијанецот го загуби трпението и жестоко им одговараше, дури и ги навредуваше, а како еден од виновниците за поразот го посочи довчерашниот играч на Партизан, Ален Смаилагиќ.
„Игра лошо, бавен е, мора да го пронајде својот ритам. Треба да фати чекор со тимот, а не ние да го чекаме него“, рече Тринкиери.
Смаилагиќ досега одигра четири натпревари во литванското првенство со просек од 5 поени и 3,8 скока, додека на единствениот настап во Евролигата не се запиша во листата на стрелците.


