Денеска во Општина Центар се одржа седница со една точка на дневниот ред – помош за Кошаркарскиот клуб Работнички.
Сите советници ја поддржаа иницијативата на предлагачот Ненад Матевски, на Работнички да му биде доделена финансиска помош, со цел да ги надмине проблемите со кои се соочува во моментов. Предлогот е едногласно прифатен и 15-кратниот шампион ќе добие 4,5 милиони денари.

Поради финансиските проблеми со кои се соочи претходните недели, клубот од Градски парк ја прекина соработката со двајца странски кошаркари и во моментов е со едвај десет играчи во првиот тим.


