Откако Жељко Лукајиќ доби отказ од Џокер по само едно коло во српското првенство, слична судбина доживеа досегашниот тренер на Подгорица, Драган Радовиќ.
Тој го водеше нешто повеќе од една година, минатата сезона беше едно од најпријатните изненадувања во АБА 2 обезбедувајќи пласман во полуфиналето, но му пресудиja поразите од Џокер во регионалното натпреварување и Котор во домашното првенство. На негово место е ангажиран актуелниот селектор на Црна Гора, Бошко Радовиќ кој паралелно ќе ги извршува двете функции.
Тренерската смена во Подгорица доаѓа на една недела пред дуелот со Пелистер во АБА 2, закажан за 15 октомври во главниот град на Црна Гора.


