Менаџментот на Шарлот Хорнетс одлучи да му додели отказ на Дуејн Вашингтон со што се потврдија прогнозите од минатата недела.
Вашингтон замина во НБА како дел од трејдот во кој главни ѕвезди беа Џулуис Рендл и Карл Ентони Таунс, а Партизан за него доби отштета чија сума не е официјално објавена, но се шпекулира дека изнесува меѓу 850 илјади и еден милион долари. Вашингтон сега би можел да се врати во белградскиот клуб, но Партизан се уште не може да смета на него и да го слави неговото доаѓање.
Причина за тоа што, како слободен играч, претстојат 48 часа во кои друг НБА тим може да го донесе плејмејкерот во своите редови. Ако тоа не се случи, веројатно до крајот на оваа недела ќе се врати во Белград и ќе се приклучи на тренинзите на поранешниот европски шампион.


