Екипата на Фенербахче славеше со 83-78 во првото турско дерби оваа сезона во Евролигата, против Анадолу Ефес.
Победникот се одлучуваше во последните минути и покрај тоа што Фенер во втората четвртина имаше предност и од 15 поени разлика (40-25). По голема борба, Ефес успеа не само да се врати, туку и да израмни на 74-74, но сепак потклекна во финишот и не успеа да го комплетира пресвртот. Жагарс и Гудуриќ повторно му донесоа комотона предност на Фенербахе, а Болдвин и Отуру ставија точка на мечот.
Elijah Bryant & Tarık Biberovic gerginliği 🤯 pic.twitter.com/KjwhkwYvbm
— Euroleague Time (@euroleague_time) October 10, 2024
Сепак, натпреварот го одбележа тепачката што се случи во третата четвртина меѓу Тарик Биберовиќ од Фенер и Илајџа Брајант од Ефес. При водство на гостите со 58-48, Биберовиќ тргна кон противничкиот кош, Брајант во прв момент не успеа да го блокира, па двајцата завршија на паркетот.
Ситуацијата сосема беспотребно ескалираше во тепачка, а откако се се смири, судиите ги исклучија двајцата кошаркари.
ЕВРОЛИГА, 2. КОЛО – ЕВРОЛИГА
Анадолу Ефес – Фенербахче 78-83
Асвел – Виртус 87-85
Панатинаикос – Баерн 94-79
Реал – Партизан 93-86


