Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус имаше свое шоу на прес-конференцијата по вечерашниот натпревар против Анадолу Ефес, во второто коло од Евролигата.
Еден од новинарите го праша дали клубот бара замена за Скоти Вилбекин кој доживеа тешка повреда во првото коло и за него сезоната е завршена. Одговорот на литванскиот стручњак беше урнебесен.
„Го бараме Леброн Џејмс, но ни рече дека во моментов не може да дојде бидејќи бил под договор со Лејкерс“, рече Јасикевичиус.
Тој, всушност, е лут поради шпекулациите кои излегуваа во турските и европските медиуми во врска со евентуалната замена за Вилбекин. Секојдневно излегуваат нови информации, но засега ништо од тоа не се покажа точно.


