Иако претходните денови покажа знаци на живот со победите против Сарагоса и Партизан, шпанскиот првак Реал Мадрид доби нова шлаканица во домашното првенство.
„Кралскиот клуб“ загуби на гостувањето кај Билбао со 79-83 и тоа е втора пораз за него во АЦБ лигата и вкупно четврти во досегашните седум меча во сите натпреварувања. Домаќините водеа од средината на втората четвртина, па до крајот на мечот, на полувреме имаа 46-34, а во третиот период и највисоки +15 во два наврата.
Со серија од 9-0, Реал се доближи на само еден поен негатива (59-60), подоцна и на 77-78, но во клучните моменти, кошаркарите на баскискиот тим беа непогрешливи од линијата за слободно фрлања и ја заклучија победата, втора во досегашните три кола од првенството.
Што се однесува до Реал, во првите три кола доживеа два пораза, а минатата сезона вториот неуспех го доживеа дури во 18. коло, на 14 јануари, кога загуби од Мурсија на гостински терен.


