Поранешниот играч на Црвена Звезда, Били Берон минатата недела официјално стави крај на својата професионална кариера откако подолг период се мачеше со повреди и поради тоа не можеше да ја најде вистинската форма.
Во пензија замина на само 33 години, последните две сезони ги помина во Олимпија Милано, но најголема слава стекна додека играше во Црвена Звезда, од 2018 до 2020 година. Уште се памтат историските дуели против Партизан, а особено оној во мечот од финалната серија во српското првенство во сезоната 2018/19. Во финишот од четвртиот натпревар, Берон направи трочекор, но судиите останаа неми и го признаа кошот кој го постигна, а којо значеше титула за Црвена Звезда. Пет години подоцна, Берон призна дека се чекори, но само уште повеќе ги изнервира навивачите на Партизан затоа што во спорниот момент самиот не признал што направил.
„Тоа беше луда серија, во арената беше како во сауна, натпреварот константно се прекинуваше поради фрлени предмети. Беше лудо и на крајот победивме. Се разбира, беа чекори, тоа сите го знаеме и многу е смешно кога ќе се сетам“, изјави Берон во интервју за српски портал.
Да биде иронијата поголема, американскиот кошаркар беше прогласен и за МВП на таа финална серија.


