Аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо нема да игра во третото коло од Евролигата против Басконија, соопштено е денеска.
Суспензијата доаѓа поради исклучувањето на плејмејкерот на Реал во првиот круг, против Баерн, но смешен е начинот на кој дојде до оваа ситуација. Кампацо прво беше суспендиран за дуелот против Партизан, на еден ден пред тој меч Реал вложи жалба и на Аргентинецот му беше дозволено да игра, за сега повторно казната да се врати на сила.
„Жалбениот судија ја донесе својата одлука по жалбата која ја поднесе Реал. Кампацо нема да биде во можност да игра во третото коло“, стои во соопштението од Евролига.
Најголем губитник од ова е Партизан кој загуби на гостувањето кај Реал, а најзаслужен за триумфот на шпанскиот првак беше токму Кампацо.


