За разлика од случајот со Факундо Кампацо за кого требаше да помине една недела за да се разгледа жалбата на Реал, Евролига експресно ги потврди суспензиите на Илајџа Брајант од Анадолу Ефес и Тарик Биберовиќ од Фенербахче.
Двајцата вчера беа казнети со по еден натпревар неиграње поради меѓусебната тепачка минатата недела, на дуелот од второто коло во елитното натпреварување. Нивните клубови Анадолу Ефес и Фенербахче се обидоа да ја искористат истата тактика и да ги одложат нивните суспензии, но финтата на Реал не успеа.
Дисциплинската комисија ги одби жалбите и двата клуба од Истанбул ќе бидат ослабени на денешните дуели против Макаби, односно Црвена Звезда.


