На крилјата на Кевин Пантер, Барселона го прегази Монако со 86-71 во последниот натпревар од третото коло на Евролигата и колку и да звучи чудно, ѝ направи голема услуга на Црвена Звезда.
Поранешниот кошаркар на Партизан беше убедливо најдобар поединец на мечот, постигна 21 поен со 3 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки, а најблиску до него беше Џабари Паркер со 16 поени. За Барселона ова беше втора победа во третиот натпревар во сезоната, но и четврти триумф во низа, сметајќи ги сите натпреварувања.

По исходот на мечот во Блауграна, на чело на табелата во Евролигата е осамена Црвена Звезда која е единствена со биланс 3/0. Само Монако можеше да ја стигне бидејќи беше без пораз во првите два круга, но не успеа во тоа. Зад Звезда се дури осум екипи со ефект 2/1 што значи дека не е дозволен кикс во Евролигата во оваа фаза од сезоната бидејќи тоа може да доведе до пад од неколку позиции.
Првото место Звезда ќе го брани в петок на домашен терен, токму против Барселона во еден од дерби дуелите на четвртото коло.


