По двата пораза на стартот, Партизан влезе во победничка серија откако вечерва го совлада Макаби со 91-79.
Формално, израелскиот тим беше домаќин на овој меч, но тој се одигра во Пионир во Белград и се важи како брејк за Партизан, односно победа на гостински терен. До неа, „црно-белите“ стигнаа благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја добија со 25-15 откако претходно повеќе од 30 минути се играше израмнето.
Стерлинг Браун беше најефикасен играч на натпреварот со 20 поени, додека кај Макаби, Рендолф постигна 19 поени. Двете екипи сега имаат биланс 2/2, во следното коло Партизан го пречекува Виртус, а Макаби гостува кај Жалгирис.


