Пресвртот што вечерва го направи екипата на Жалгирис на гостувањето кај Олимпија Милано е втор најголем во историјата на Евролигата.
Литванскиот претставник успеа да достигне -27 и да дојде до триумф, но тоа сепак не е рекорд на елитното натпреварување. Него го држи Монтепаски кој во декември 2012 година го совлада Проком од Полска со 95-88 откако претходно губеше и со 28 поени разлика.
На третото место се наоѓа германскиот тим Бамберг кој во сезоната 2017/18 успеа да надмине дефицит од 26 поени во дуелот против Барселона на домашен терен.


