Кошаркарскиот клуб Будуќност соопшти дека денеска ги пуштил во продажба билетите за натпреварот против Црвена Звезда во рамките на петтото коло од АБА лигата кој се игра в понеделник од 19 часот.
Неверојатна е цената на влезниците бидејќи за поедини места во салата „Морача“ достигна и 100 евра. Најевтините изнесуваат 20, потоа 25 и 30, а за партерот и „кожниот“ дел од трибините се продаваат по цена од 100 евра.
Будуќност одлично ја почна новата сезона во АБА лигата и по четири кола е една од трите непоразени екипи во регионалното натпреварување, заедно со Партизан и Мега, што е и причина за еуфоријата во клубот и во цела Подгорица. Од друга страна, Звезда е со биланс 2/2, но гази во Евролигата каде пред вечерашниот меч против Барселона е единствена со максимален ефект.


