По двата пораза на стартот од новата сезона, Феникс викендов против Вардар ќе се обиде да дојде до првата победа во првенството, но тој меч ќе биде последен за најдобриот играч во тимот Дае Дае Грант.
Американецот дојде непосредно пред почетокот на шампионатот и во двата одиграни натпревари покажа дека поседува огромни квалитети. Тој е убедливо најдобар стрелец во тимот на Феникс и трет во Првата лига со постигнати 60 поени на само два меча.
Против Работнички реализира 37, а против Чаир 23 што очигледно го привлече вниманието на странски клубови и Феникс одлучи да го продаде. До крајот на сезоната, тој ќе игра во српскиот прволигаш Раднички Крагуевац каде исто така би требало да биде големо засилување.
Феникс во следниот период ќе се обиде да најде соодветна замена за Грант што ќе биде исклучително тешко ако се има предвид неговиот офанзивен потенцијал.


