Четири месеци откако си замина од Партизан, Кевин Пантер е кошмарот на Црвена Звезда и човекот кој е најзаслужен за првиот пораз на српскиот првак.
Американскиот кошаркар беше особено мотивиран на денешниот меч во Белград, постигна 26 поени, а меѓу нив и неколку кошеви во финишот кои директно влијаеа на конечниот резултат.
KEVIN PUNTER.
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) October 18, 2024
pic.twitter.com/0WOwg5FIHE
Прво, во финишот од основниот дел погоди тројка за +2 за Барселона, но тогаш водството на гостите го поништи Јаго дос Сантос и го одведе мечот во продолжение. Пантер повторно стапи на сцена на 55 секундин пред крајот на дополнителните пет минути кога повторно погоди тројка што сега беше доволно за триумф на шпанскиот тим.


