Вечерва во Кале се игра првото големо дерби во новата сезона, меѓу Работнички и МЗТ Скопје. Тимот од Градски парк го дели првото место со биланс 2/0, додека противникот има 1/1 откако минатиот викенд загуби на гости кај Пелистер. Натпреварот меѓу вечните ривали се игра од 18 часот.


