Прекинот на дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје трае веќе 40 минути, а ќе продолжи без навивачи на двете екипи.
Делегатот и судиите донесоа одлука да се испразнат трибините каде што се наоѓаат Сити Парк Бојс и Фемили и кога тоа ќе се случи, кошаркарите на двата тима можат да се вратат на теренот. Како што стојат работите, нема да биде изненадување прекинот да трае и еден час бидејќи на играчите ќе им треба време повторно да се загреат.
Во моментот на прекинот, МЗТ Скопје водеше со 30-13 како резултатот на серијата од 22-0 во првата четвртина.


