По победите со 20 разлика во првите две кола, екипата на Чаир со „само“ 18 поени го совлада својот локален ривал Шкупи во нивната прва меѓусебна прволигашка пресметка.
Лидерот на табелата славеше со 98-80 и повторно за малку му избега првата „стотка“ во сезоната, но и вака најверојатно ќе остане на чело. Чаирчани доминираа во текот на сите 40 минути, ниеднаш не беа во негатива, а со својот офанзивен ефект покажаа дека се способни за голема дела оваа сезона.
Максимално мотивирани, домашните кошаркари го отворија натпреварот со 18-1, подоцна имаа 21- за потоа Шкупи да се консолидира и да се избори за пристојна негатива од 12 разлика (15-27) на крајот од првата четвртина, подоцна и од 20-29. До почетокот на последниот период се играше мирно, без поголеми осцилации, со тоа што Шкупи повторно успеа да се доближи на -9. Финалниот спринт Чаир го направи во финалниот квартал кога ги достигна највисоките -22 (89-67) по што стана јасно дека домашниот тим ќе оствари убедлив триумф.
Кирк со 26 поени повторно беше најефикасен кај Чаир, Мофит додаде 21, а Ролинс и Кели по 16. Виктор Златевски со 18 поени го предводеше Шкупи кој се уште ја чека првата победа во сезоната.


