Третото коло од Првата македонска кошаркарска лига се игра вечерва во Битола каде Пелистер ќе го пречека дебитантот во елитата МКК Куманово. Битолчани се без пораз, а противникот ќе се обиде да направи изненадување на теренот на вицешампионот. Натпреварот почнува во 19 часот.


