Екипата на Барселона го претрпе првиот пораз сезонава во АЦБ лигата откако вечерва загуби од Басконија со 89-93.
Таков пад можеби и беше очекуван, неполни 48 часа по драмата и маратонот против Црвена Звезда во Белград, а Басконија го искористи сето тоа за да дојде до втората победа во низа. Иако разликата не беше многу голема, баскискиот тим водеше во најголем дел од мечот и заслужено триумфира во Блауграна.
Nicolas Laprovittola was helped off the court after suffering a knee injury 😧
— BasketNews (@BasketNews_com) October 20, 2024
pic.twitter.com/Z3E0bFBP98
За Барселона е тежок поразот, но многу повеќе боли тешката повреда што на 3:30 минути пред крајот ја доживеа еден од најдобрите играчи во тимот Николас Лапровитола. Аргентинецот имаше судир со Луваву-Кабаро по што остана да лежи на паркетот, а потоа на рацете на соиграчите и членовите на медицинскиот тим замина во соблекувална.
Првите прогнози не се добри, се претпоставува дека се работи за оштетување на лигаментите што може да предизвика пауза до крајот на сезоната. Сепак, многу повеќе ќе се знае утре изутрина кога ќе бидат извршени детални прегледи.


