Екипата на Канту како гостин го совлада Ливорно со 83-80 во рамките на Втората лига на Италија, но натпреварот го одбележа инцидент во кој учествуваше играч на гостинската екипа и домашен навивач.
Како што може да се види на видеото, при обид да изведе топка од страна, Рикардо Мораскини добива заушка од навивач на трибината. Сето тоа се случува пред еден од судијата кој, сепак, не ја гледа ситуацијата и не презема мерки.
Капак на се е тоа што Мораскини, очигледно испровоциран, тргна кон противничкиот навива да се објасни. Судијата го забележа тоа и нему му досуди техничка грешка иако кошаркарот на Канту беше жртва во целиот случај.
Сето тоа се случуваше на седум минути пред крајот на мечот и по слободното фрлање Ливорно израмни на 68-68, но гостите до крајот успеаја да дојдат до победата.


