Аргентинскиот репрезентативец Николас Лапровитола го очекува долга пауза, можеби до крајот на сезоната, откако синоќа доживеа тешка повреда во дуелот со Басконија.
Денешните прегледи ги потврдија најлошите прогнози дека плејмејкерот на Барселона ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, а има оштетување и н менискусот. Претстојните денови на Лапровитола ќе му биде извршена операција по што точно ќе се знае колкав период ќе биде надвор од терените. За вакви повреди, паузата е меѓу 8 и 12 месеци, но се ќе зависи од тоа како телото на Лапровитола ќе го издржи целиот процес.
Отсуството на искусниот Аргентинец ќе биде огромен хендикеп за Барселона ако се знае дека тој беше еден од најдобрите играчи во тимот од почетокот на сезоната.


