Филаделфија 76 својот прв натпревар во новата сезона го игра в четврток наутро по средноевропско време кога го пречекува шампионот од 2021 година, Милвоки Бакс.
На тој меч, тренерот Ник Нурс нема да може да смета на двајцата најдобри играчи во екипата Жоел Ембид и Пол Џорџ. Тие се уште не се подготвени за игра по повредите што ги доживеаја, а поблиску до враќање е Ембид кој неделава учествуваше на тренинзите на тимот.
Пол Џорџ е нов играч во екипата откако летоска дојде од Лос Анџелес Клиперс, потпишувајќи четиригодшен договор за 212 милиони долари.


