Лос Анџелес Лејкерс имаше блескав старт на новата сезона, совладувајќи ја Минесота со 110-103 во првиот меч, но натпреварот остана во сенка на историскиот момент во Крипто арената.
Првпат во историјата на НБА, на официјален натпревар заиграа татко и син и тоа во иста екипа. Секако, станува збор за Леброн и Брони Џејмс кои не беа долго заедно на терен, но и тоа беше доволно да испишат нова историска страница во најсилната светска кошаркарска лига. Брони играше помалку од три минути и не успеа да го постигне својот прв кош во професионалната кариера, меѓутоа за Леброн Џејмс ова беше исполнување на неговиот животен сон и амбиција која го влечеше напред последните години.
LeBron James.
Bronny James.The first father-son duo to play together in the NBA! pic.twitter.com/naadFLoPmh
— NBA (@NBA) October 23, 2024
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, 5 скока и 4 асистенции, а убедливо најдобар играч во тимот на Лејкерс беше Ентони Дејвис кој постигна 36 поени и 16 скока. Ентони Едвардс го предводеше гостинскиот тим со 27 поени.
Леброн успеа да влезе во историјата по уште еден параметар – сега официјално е ко-рекордер во НБА лигата со 22 сезони во ова натпреварување. Тој е на шестото место по бројот на одиграни натпревари во НБА со 1.493 и тоа без оние 287 воо плејофот.


