Поранешниот германски шампион Улм на неславен начин ја комплетира пеколната неделата во која мораше да игра на три континенти.
Крајот беше во Африка, на Канарските острови каде синоќа ѝ гостуваше на Гран Канарија во рамките на Еврокупот и доживеа катастрофален пораз, со 47 поени разлика. Шпанскиот прволигаш славеше со 125-78 и го урна рекордот на Еврокупот по бројот на постигнати поени на еден натпревар.
Досегашниот беше на друг шпански клуб – Естудијантес кој во 2002 година го победи Трст со 121-76.


