Најтрофејниот македонски клуб Работнички доживеа уште еден убедлив пораз во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен загуби од Босна со 74-99.
Тоа е трет неуспех за скопскиот тим во регионалниот тим со што останува единствен македонски претставник во АБА 2 без победа оваа сезона. Да биде уште потрагично, сите три порази се со двоцифрена разлика и со вкупно 69 поени. Кога на тоа ќе се додаде поразот од МЗТ Скопје во последното дерби, јасно е дека тимот од Центар поминува низ исклучително тежок период.
Единствениот период кога Работнички беше рамноправен беа првите минути и резултатот 2-2. Босна потоа постигна две тројки по ред, а до крајот на првата четвртина направи и двоцифрена предност (22-12). Пред крајот на вториот период, гостите направија серија од 9-0 за да ја надминат и границата од 20 разлика (51-30) за во третиот да ја достигнат и највисоката предност, од 34 поени (47-81). Работнички во финишот успеа делумно да го ублажи поразот, но тоа секако е катастрофа за нашиот тим.
Босанскиот интернационалец во редовите на Работнички, Имран Полутак беше најдобар играч на мечот со 27 поени и 9 скока и, заедно со Андреј Шошкиќ, единствена светла точка во тимот. Овие две екипи ќе се сретнат и во четвртото коло, но во Сараево, на 5 ноември.


