Очајното издание на Партизан против Виртус беше дополнително зачинето со повредата на еден од најдобрите играчи на белградскиот тим Карлик Џонс.
Репрезентативецот на Јужен Судан се повреди во последната четвртина кога незгодно доскокна и во солзи го напушти теренот. Дека неговата состојба не е добра, потврди и тренерот Жељко Обрадовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
„Го прашав Карлик како се чувствува и ми рече дека не е добар. Изутрина ќе оди на снимање и ќе видиме како е“, рече Обрадовиќ.
По мечот Џонс беше снимен како кривејќи ја напушта белградската Арена. Неговото евентуално отсуство ќе биде голем хендикеп за Партизан кого допрва го очекуваат тешки дуели.


