Српскиот и АБА шампион, Црвена Звезда вечерва гостува кај Реал во петтото коло од Евролигата, а на дуелот со европскиот вицепрвак ќе биде значително ослабен, особено под кошевите.
Џоел Боломбој се повреди во понеделникот на мечот против Будуќност во Подгорица, клубот брзо реагираше и го врати Филип Петрушев, но српскиот репрезентативец нема да може вечерва да им помогне на своите соиграчи. Според правилата на Евролигата, еден кошаркар може да биде регистриран ден пред првиот натпревар од колото и тоа најдоцна до 18 часот.
За Петрушев не ни имаше надеж дека ќе игра вечерва против Реал затоа што позајмицата од Олимпијакос беше договорена во текот на вчерашниот ден, а проблем направи Партизан кој синоќа се сретна со Виртус со што официјално почна петтото коло во Евролигата.
Поради тоа, 24-годишниот центар ќе може повторно да заигра за Звезда в сабота, на гостувањето кај Задар, а во Евролигата ќе биде во конкуренција за настап на 30 октомври против Жалгирис во Каунас.

