По повод национаниот празник Ден на македонската револуционерна борба, вчера во Тетово, во организација на Кошаркарскиот клуб Љуботен и во соработка со Кошаркарската федерација на Македонија, се одржа традиционалниот турнир во кошарка на кој учествуваа екипите на Љуботен, ИБА, МЗТ Скопје и Гостивар.
Натпреварите се играа во спортската сала при Средното Економско училиште „8 Септември“ во Тетово. Во полуфиналните натпревари, Гостивар беше подобар од Љуботен со 72-61, а ИБА го совлада МЗТ Скопје со 86-57.

Во мечот за трето место Љуботен славеше против МЗТ Скопје со 75-66. Овогодишен победник на турнирот е екипата на ИБА Скопје која во финалето го совлада Гостивар со 66 -58. Денот помина во прекрасна атмосфера и спортско дружење на играчите и нивните тренери.


