Последната недела се повредија голем број кошаркари кои настапуваат во Евролигата, а лошата серија продолжи вечерва со повредата на најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
На средина од третата четвртина, врз неговиот скочен зглоб згасна противничкиот кошаркар Никола Миротиќ по што Ларкин мораше да го напушти теренот и не се врати повеќе на него. Секако, Миротиќ ненамерно го повреди кошаркарот на Анадолу Ефес бидејќи во тој момент не ни знаеше дека тој е пред него.
🚨 Hassas Görüntü 🚨
— NFcomtr 🏀 (@NFcomtr) October 24, 2024
Shane Larkin, bu talihsiz pozisyonun ardından sakatlanarak soyunma odasına gitti.
🙏🏻 Umarız ciddi bir problemi yoktur. pic.twitter.com/2QJNJs92ZL
Тренерот на Ефес, Томислав Мијатовиќ по натпреварот истакна дека е загрижен за состојбата на Ларкин и дека тој не изгледа добро.


