На сите им е јасно дека Брони Џејмс нема квалитет за да игра во НБА, но во моментов е добар маркетиншки материјал, заедно со неговиот татко и тоа Лос Анџелес Лејкерс се обидува да го искористи.
Сепак, бајката за Брони и еуфоријата во лигата нема да траат уште долго. Сето тоа ќе биде прекинато за десетина дена, откако ќе заврши турнејата на Лејкерс од пет натпревари на гостински терен. На тимот од Лос Анџелес му претстојат два меча дома, изутрина против Феникс и утре против Сакраменто, а в недела ја почнува серијата натпревари на гости.
Во рамките не турнејата, ќе им гостува на Феникс, Кливленд, Торонто, Детроит и Мемфис и по враќањето дома, на 7 ноември, Брони повеќе нема да биде стандарден член на Лејкерс. Тој ќе оди во Развојната лига, во филијалата Саут Беј и ќе има двонасочен договор. Од неговата форма и развојот ќе зависи колку ќе игра и дали воопшто ќе се врати во тимот на Лејкерс оваа сезона.


