Откако претходните сезони освојуваше индивидуални признанија во Лигата на шампионите и во Еврокупот, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ја доби првата награда во Евролигата.
Денеска тој е прогласен за МВП на петтото коло од елитното натпреварување што не е големо изненадување ако се има предвид она што го направи за својот тим Париз во дуелот со Монако. Плејмејкерот постигна рекорд на кариерата од 28 поени со 10 асистенции (исто така рекорд на кариерата) и 4 скока, изнуди и девет лични грешки и оствари индекс 38 – убедливо највисок ова коло во елитното натпреварување.
Оваа сезона Шортс дебитира во Евролигата, но голем број клубови и стручњаци се изненадени од неговите квалитети и постојано го опсипуваат со комплименти. И покрај тоа што е најнизок играч во елитното натпреварување, недофатлив е за противничките кошаркари и веќе докажа дека е способен за голем работи.


