Дербито на дното на Првата лига се игра во Кале каде се среќаваат единствените екипи што во досегашните три кола не успеаја да победат. Домаќин е Шкупи кој во понеделникот се раздели со Тони Симиќ и со ново тренерско трио ќе го пречека Вардар. Натпреварот меѓу последнопласираните две екипи се игра од 18 часот.


