Денвер Нагетс лошо ја почна новата сезона и по два меча има биланс 0/2 откако синоќа на домашен терен загуби од Лос Анџелес Клиперс со 104-109.
Шампионот од 2023 година очајно го почна натпреварот, во втората четвртина имаше -18, но во продолжение се разигра Никола Јокиќ кој почна погодува тројки во серија и Денвер се доближи на 42-48, резултат со кој се замина на голем одмор. Во третиот период домаќинот и го презеде водството и со оглед на расположениот Јокиќ се чинеше дека ќе успее да дојде до првиот триумф во сезоната.
Во последниот период предноста на Нагетс изнесуваше и 87-80, но сепак се влезе во неизвесна завршница од која како трагичар излезе токму Јокиќ. На 20-тина секунди пред крајот, при водство на Клиперс од два разлика, српскиот ас беше фаулиран и доби две слободни фрлања, со тоа и можност да го израмни резултатот. Јокиќ го промаши првото, а го погоди второто фрлање што беше првиот знак дека Клиперс ќе дојдат до триумфот. Во следниот напад Харден имаше мирна рака, Нагетс пак промашија и гостите се израдуваа на првата победа во сезоната.
Јокиќ го заврши натпреварот со 41 поен и седум погодени тројки што е негов личен рекорд во кариерата. Пауел го предводеше гостинскиот тим со 37 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Денвер–ЛА Клиперс 104-109
Шарлот – Мајами 106-114
Детроит – Бостон 118-124
Вашингтон – Кливленд 116-135
Чикаго – Оклахома 95-114
Мемфис – Орландо 124-111
Сан Антонио – Хјустон 109-106
Феникс – Далас 114-102
ЛА Лејкерс – Сакраменто 131-127


