Кошаркарот на Јута, Тејлор Хендрикс доживеа тешка повреда која можеби ќе значи и крај на сезоната за него.
При еден напад на неговиот тим во дуелот со Далас, Хендрикс ја загуби рамнотежата и се лизна, а во тој момент неговата потколеница целосно се изврте и предизвика шок кај сите што го забележаа тоа. Соиграчите и ривалите не можеа да гледаат што се случува, Хендрикс се виткаше во болки и медицинскиот тим мораше да реагира и на носилки да го изнесе од теренот.
Далас на крајот славеше со 110-102 за втор триумф оваа сезона, но мечот остана во сенка на она што се случи со Хендрикс.


