Лука Дончиќ немаше своја вечер против Минесота кога станува збор за шутот бидејќи погоди само 10 од 27 обиди, но на крајот излезе херој затоа што ја реализира клучната тројка.
На минута пред крајот, при водство на неговиот тим од 114-109, Словенецот погоди тројка од голема далечина, со истекот на нападот и го однесе Далас на +8.
LOGO LUKA 😱
Puts the Mavs up 8 late on TNT! pic.twitter.com/R0wtyukhY2
— NBA (@NBA) October 30, 2024
Следуваше бурна прослава, па дури и пцовка упатена кон домашните навивачи на чиј удар беше Дончиќ во текот на целиот натпревар. На крајот Далас славеше со 120-114 за трет триумф во четвртиот меч оваа сезона.


