Дебитантот во Евролигата, Париз синоќа го собори рекордот на елитното натпреварување со неверојатни 52 шута за тројка.
Погоди 20 и на тој начин постигна две третини од вкупниот број поени во победата против Алба со 92-83. Интересно е тоа што најголем број од обидите за тројка беа во првите седум од нападите со што Париз потсети на „run and gun“ играта на Голден Стејт од пред неколку години, кога доминираше во НБА. Начинот на кој што настапи францускиот вицешампион им влезе во очи на голем број стручњаци, а тоа го прокоментира и поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец Александар Петровиќ.
„Кошаркарите на Париз го кренаа шутот за тројка на ново ниво. Во победата против Алба шутираше 20/52, а Хифи успеа да шутне 19 пати и сите обиди беа во првите седум секунди. Дали остатокот од Евролигата е подготвен за овој стил“, напиша Петровиќ на Твитер.
Неговиот коментар во врска со играта на Париз не е случаен. Тренер на тимот во кој игра и Ти Џеј Шортс е бразилскиот стручњак Тијаго Сплитер кој му е помошник на Петровиќ во бразилската репрезентација, па со ова, меѓу другото, се обиде да му даде на значење во европската кошарка во дебитантската сезона како прв тренер во Евролигата. Сепак, начинот на игра кој го протежира Сплитер секако е иновација во елитното натпреварување, познато по релативно бавните напади и фокусот на одбраната.


