Екипата на ТФТ остана единствена во Првата македонска кошаркарска лига со максимален ефект по четири одиграни кола.
Минатиот викенд првите порази ги доживеаја Пелистер и Чаир, па тимот од Тафталиџе остана осамен на врвот на табелата што, логично, е прв таков случај од почетокот на новата сезона. Иако и досега имаше неколку тешки тестови, пред се гостувањето кај Гостивар и дуелот против Кожув на домашен терен, натпревари кои ги доби минимално, најголемите предизвици за ТФТ претстојат.

Во шестото коло игра против Работнички, во деветтото со МЗТ Скопје, а во 11. со Пелистер. Тука ќе се види вистинската сила на поранешниот освојувач на Купот на Македонија.

Зад ТФТ, на табелата следуваат четири екипи со биланс 3/1, а од четвртото коло, единствена екипа без победа остана Вардар откако загуби во директниот дуел за избегнување на дното, со Шкупи.


