Екипата на Партизан го претрпе четвртиот пораз оваа сезона во Евролигата откако во Пионир загуби од Монако со 74-79.
Поради зафатеност на белградската Арена, мечот се одигра во Пионир пред значително помал број гледачи, но и тие што беа присутни, направија одлична атмосфера и пекол за противничкиот тим. Гостите го издржаа тоа, беа присебни, особено во последните моменти кога се одлучуваше победникот и заслужено стигнаа до триумф.
На Партизан малку му фалеше да стигне до победа, но реалноста е дека од финишот на првата четвртина речиси постојано беше во негатива, а во еден период губеше и со 16 поени разлика. Во вториот дел, сепак, успеа не само да ја стигне високата предност на Монако, туку и да поведе со 73-72 на 75 секунди пред крајот. Тука ја испушти својата шанса, не успеа да се одбрани, а во клучниот напад Бонга промаши чиста позиција за тројка. Домаќините беа невнимателни и подоцна, кога Лундберг утна едно од двете слободни фрлања бидејќи топката им се врати, но ниту Данецот, ниту Бонга не ја прифатија што ќе му дадеше на Партизан 15 секунди за да постигна кош за продолжение или победа.
По шест одиграни кола, „црно-белите“ се на биланс 2/4 и на 13. позиција на табелата, додека Монако го оствари четвртиот триумф и е петтопласиран.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Црвена Звезда 86-84
Панатинаикос – Асвел 92-68
Партизан – Монако 74-79


